Почитуван кориснику,

 

Добре дојдовте во Huawei Health.

 

Следните услови на овој договор на Huawei Health (подолу наречен „Договор“) претставува законско-обврзувачки договор помеѓу вас и Huawei Technologies Co., Ltd. И неговите подружници (подолу наречени „Huawei“). Овој Договор ги прецизира вашите законски права и одговорности во однос на користењето на Huawei Health и релевантниот софтвер, услугите и веб-страниците (подолу наречени „Услуга“). Во овој Договор, под „вие“ се подразбира секое лице што ја користи и/или пристапува до Услугата.

 

Пред да ја користите Услугата, мора да се согласите со условите на овој Договор, Политиката за приватност на Huawei и со сите соодветни договори помеѓу вас и Huawei (подолу наречени „Услови“). Прочитајте ги следниве услови внимателно и изберете го полето за штиклирање на дното што покажува дека сте ги прочитале и се согласувате со условите. Доколку не се согласувате со сите или со дел од условите, нема да може да ја користите, ниту треба да се обидувате да ја користите Услугата.

 

1. Заштита на податоци

 

Huawei ја почитува и заштитува личната приватност на сите корисници на Huawei Health како и вашите лични податоци (како вашиот прекар, сликата на профилот, полот, возраста, телефонскиот број или адресата на е-пошта) и вашите лични здравствени податоци (како податоците за вежбање, спиење, тежина и пулс). Huawei нема да ги открива, пренесува или дава таквите податоци на кои било други лица без претходна согласност од вас, освен ако важечките закони и прописи не бараат нивно присилно откривање. Huawei нема да ги користи, ниту има намера да ги користи податоците за вежбање, тежина, спиење и/или другите податоци зачувани во облакот за други цели. Информациите се складираат во облакот само за да се осигури безбедност на податоците.

 

2. Услуги од други лица

 

Вашиот оператор и другите оператори може да обезбедуваат соодветни производи и услуги на платформата на Huawei Health, како што се апликации и услужна содржина на други производители. Со користењето такви производи и услуги од други лица, потврдувате дека се согласувате со условите за услугата обезбедена од другите лица. Силно препорачуваме да ја прочитате содржината на корисничките договори и политиките за приватност на другите лица внимателно. Huawei ниту има право, ниту е обврзан да ја контролира или цензурира содржината на производите и услугите од други лица, па според тоа, Huawei нема да преземе одговорност во случај на прекршување на вашите права што се должи на користењето на таквите производи и услуги.

 

3. Авторизација на податоци и нивно собирање

 

Со цел да ви обезбеди постабилен производ и приспособена услуга, Huawei и операторите на други лица што соработуваат со Huawei за Huawei Health ќе собираат информации за грешки и/или податоци што се поврзани со вашиот производ. Со избирање „Се согласувам“ во појавната порака кога се стартува апликацијата Huawei Health или со користење на Huawei Health, се согласувате и го овластувате Huawei да ги собира и анализира следниве информации:

 

(1) Информации за уредот, како што е оперативниот систем на телефонот, јазикот на телефонот, моделот на уредот, моделот на поврзувањето со интернет на телефонот и информации за локацијата.

 

(2) Информации за апликацијата, како што е верзијата, начинот на преземање и времето кога апликацијата е отворена или затворена.

 

(3) Податоци за услугата, како што се информации за грешки на апликацијата и за активација на услугата.

 

(4) Податоци за личното здравје, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на податоци за вежбање, спиење, тежина и пулс. Почитувајте ја Точката 2 од овој Договор ако сте се согласиле други лица да ги обработуваат вашите информации.

 

Со цел да се спречи загубата на вашите податоци, Huawei Health автоматски ќе ја овозможи функцијата за синхронизација со облакот којашто ќе ги префрла вашите податоци за вежбање, спиење, тежина и пулс во облакот во редовни интервали. Податоците што се синхронизирани со облакот не може да се избришат во групи и ќе се складираат трајно. Доколку не сакате да ви се поставуваат податоците во облакот автоматски, може да ја оневозможите функцијата за автоматска синхронизација избирајќи „Поставки“ во Huawei Health, а потоа исклучете ја функцијата „Автоматска синхронизација“.

 

Со цел да го подобри вашето искуство при користење производи на Huawei, Huawei Health автоматски ќе го споделува вашето искуство и здравствените податоци, за коишто сте го овластиле Huawei да ги собира, со други производи на Huawei, како што е Smartcare. Исто така, другите производи на Huawei поврзани со здравјето и вежбањето (како што е Huawei Wear) стандардно ќе споделуваат податоци за вежбањето и здравјето, за коишто сте го овластиле Huawei да ги собира, со Huawei Health. Може да го оневозможите споделувањето податоци меѓу Huawei Health и другите производи на Huawei во секое време избирајќи „Поставки“ во Huawei Health, а потоа оневозможете ја опцијата „Извори на податоци“.

 

Со цел да се спречат непотребните прекини додека го користите Huawei Health, овластете го Huawei Health да го овозможува и/или оневозможува Bluetooth автоматски.

 

Личните информации, за коишто сте го овластиле Huawei да ги собира, ќе се обработуваат согласно Политиката за приватност на Huawei. Прочитајте ја содржината на Политиката за приватност внимателно. Може да ја прегледате Политиката за приватност со избирање „Политика за приватност на Huawei“ во пораката што ќе се појави при стартување на Huawei Health или со посета на http://consumer.huawei.com/privacy-policy.

 

4. Ризици и одговорности

 

(1) Вие ќе ги преземете сите ризици поврзани со користењето на апликацијата Huawei Health. Huawei не дава гаранција или застапување од каков било вид, вклучувајќи дека оваа Услуга и нејзините резултати ќе ги задоволат вашите потреби или дека услугите на производот нема да бидат прекинати и не ја гарантира безбедноста, прецизноста, навременоста или легалноста на резултатите од Услугата и нејзините податоци. Huawei нема да преземе никаква правна одговорност за кои било околности што ќе резултираат со ваша неможност да го користите Huawei Health, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на грешки со мрежите, линиите за комуникација, веб-страниците на други лица и операторите. Услугите што ви ги обезбедува Huawei се бесплатни, освен ако не е изречно наведено поинаку. Сепак, некои услуги може ќе имаат потреба од повикување или примање телефонски повици, пристап до мобилните податоци или испраќање SMS-пораки. Другите лица може да ви наплатат за овие услуги. Huawei нема да собира информации што го откриваат вашиот личен идентитет, освен ако вие самите не ги обезбедите таквите информации.

 

(2) Во случај вашето однесување и/или околностите што не може да се контролираат да резултираат со откривање или протекување, или аквизицијата, користењето или преносот од страна на други лица на информации што може да се поврзани со вашата приватност или информации за кои сметате дека се лични, Huawei нема да преземе никаква одговорност и вие ќе бидете одговорни за сите несакани последици.

 

(3) Сите податоци и резултати што се појавуваат во апликацијата Huawei Health се само за референца. Не препорачуваме да ги користите овие информации како основа за медицински третман или како доказ за вашата здравствена состојба. Huawei нема да преземе никаква одговорност за кои било ризици или незгоди што ќе се случат поради користењето на податоците или резултатите во Huawei Health за такви цели.

 

(4) Вие сте одговорни за сите трошоци за мобилни податоци настанати поради синхронизацијата на податоците со облакот или со уредот.

 

(5) Колку што е дозволено со важечкиот закон, Huawei нема да биде одговорен во ниту еден случај за какви било специјални, случајни, индиректни или последични штети или загуба на профит, бизнис, повраток на средства, податоци, заштеди за добротворни цели или очекувани заштеди, без разлика дали таквите одговорности се базираат на договор, неизвршување на обврски (вклучувајќи ја можноста за небрежност или директна одговорност) или други побарувања и без разлика дали таквите загуби се предвидливи или не, дури и ако клиентите се изречно известени за можноста од горенаведените загуби или штети.

 

(6) Максималната одговорност (ова ограничување не се однесува на одговорност за лична повреда до степенот до кој важечкиот закон го забранува таквото ограничување) на Huawei што потекнува од користењето на услугите опишани во овој договор ќе биде ограничена на сумата што клиентот ја платил за купување на оваа Услуга.

 

5. Ограничувања на користењето

 

Huawei и неговите даватели на лиценци се сопственици на сите права на интелектуална сопственост поврзани со овој Софтвер. Може да го користите Софтверов согласно овој Договор, под услов да ги почитувате сите релевантни закони, прописи и политики покрај условите во Договоров. Доколку не сте овластени, не смеете да се впуштате во ниту едно од следниве однесувања, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

 

(1)    Бришење известувања или изјави за авторски права или какви било други информации и/или содржини што се содржат во овој Софтвер.

 

(2)    Впуштање во обратно инженерство, деасемблирање или декомпилација на овој Софтвер.

 

(3)    Користење, копирање, менување, издавање или пренесување на целиот или дел од овој Софтвер надвор од опсегот на условите наведени во овој Договор.

 

(4)    Обезбедување на овој Софтвер на други лица, давање лиценца на други лица да го користат овој Софтвер или користење на овој Софтвер за намени што се забранети од Huawei (како што се комерцијални намени).

 

(5)    Изведување на следниве дејства на слики, текст и други релевантни информации што се содржат во овој Софтвер, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: користење, копирање, изменување, додавање хиперврски, рециклирање, компилирање, објавување, создавање отсликани страници или користење на Софтверот за да создадете поврзани производи, работи и/или услуги изведени од него.

 

(6)    Користење на Софтверот за складирање, објавување или ширење содржина што ги прекршува националните закони, прописи или политики.

 

(7)    Користење на Софтверот за складирање, објавување или ширење содржини што ги повредува правата на интелектуална сопственост, трговските тајни или другите законски права на другите лица.

 

(8)    Учество во однесување што ја загрозува компјутерската безбедност.

 

6. Ажурирања на верзијата

 

Huawei го задржува правото да одлучи дали ќе објави ажурирани верзии на овој Софтвер во иднина. Ако Huawei одлучи да објави ажурирана верзија на овој Софтвер, овој Договор сѐ уште ќе важи за ажурираната верзија, освен ако не се објави замена „Услови на софтверската услуга“. Со инсталирање на кое било ажурирање, потврдувате дека се согласувате да ги почитувате релевантните Услови на софтверската услуга. Ако не се согласувате со целата содржина на Условите на софтверската услуга, не инсталирајте го ажурирањето.

 

7. Престанок на важење

 

Неважењето на кој било услов од овој Договор во целост или делумно нема да влијае врз важењето на кој било друг услов. Huawei и/или неговите даватели на лиценци го задржуваат правото да го суспендираат или прекинат овој Договор во секое време. По прекинувањето на овој Договор, мора веднаш да престанете со користење на Софтверот и да го избришете целиот поврзан софтвер и податоци што сте ги копирале или инсталирале.

 

8. Избор на закон

За овој Договор важат законите на Германија, освен за заштитата што ви е дадена со одредбите што не можат да се поништат со договор според законите во земјата на престој (особено задолжителните права за заштита на потрошувачите).

 

Huawei Technologies Co., Ltd. Сите права се задржани. Huawei го задржува правото да ја толкува содржината што е претставена тука до степен што е дозволен со закон.